Достапни линкови

Николовски: Со рекет биле соберени над 20 милиони евра


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска обвини дека власта намерно го одолговлекува расчистувањето на случајот „Рекет“, бидејќи, како што вели, „поголем број бизнисмени биле рекетирани и сумата што била побарана и добиена од нив била над 20 милиони евра“.

„Она што ќе излезе, а сакам со вас да го споделам, е дека не еден, туку многу македонски бизнисмени се рекетирани, а вкупната сума на побарани средства и добиени надминува 20 милиони евра. Тоа била една детална операција сработена од врвот на СДСМ во која овие што сега се обвинуваат, како и специјалната обвинителка, се само дел од извршителите“, вели Николовски во својата денешна колумна.

XS
SM
MD
LG