Достапни линкови

Морина нема да биде екстрадиран во Србија


Врховен суд

Поранешниот командант во ОВК, Томор Морина, кој беше уапсен на влез во Македонија, нема да ѝ биде екстрадиран на Србија, која преку потерница од Интерпол, го бара како осомничен за воени злосторства.

Врховниот суд денеска оценил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово“, стои во соопштението од врховниот суд, објавено на неговата интернет страница.

XS
SM
MD
LG