Достапни линкови

Нови 30 дена притвор за Јовановски и Милевски за „Рекет“


Бојан Јовановски

Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец, осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена, одлучи Кривичниот совет при Основниот кривичен суд.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд - Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, соопшти Судот.

Обвинителството ги товари Јовановски и Милевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во случајот „Рекет“.

XS
SM
MD
LG