Достапни линкови

Побарано продолжување на притворот за Боки 13 и Зоран Милевски


Обвинителството за организиран криминал побарало продолжување на притворот на Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милевски - Кичеец. Притворот и на двајцата им истекува утре, а барањето од Обвинителството е испратено до судот.

Јовановски и Милевски се осомничени во случајот „Рекет“, односно „за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари“. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку јавен обвинител од СЈО, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

XS
SM
MD
LG