Достапни линкови

Песков: Путин ги следи протестите, ама не му се толку важни


Дмитри Медведев, Дмитри Песков и Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги следи протестите на опозицијата во Москва, но не верува дека тие се доволно важни, соопшти Кремљ, објавија новинските агенции. Портпаролот Дмитриј Песков, во првата официјална изјава за протестите истакна дека „Путин не зборува за нив, бидејќи не смета дека постои нешто исклучително“.

Песков ги отфрли наводите дека протестите го турнале Кремљ во политичка криза, оценувајќи дека одговорот на полицијата кон собирите бил „пропорционален“, но и дека полицијата ги истражува наводите за употреба на сила врз мирните демонстранти.

Во Москва три викенди по ред се одржуваат протести на опозицијата, а собирот во саботата се смета за најголем во последните осум години. Иако овие протести Москва ги третира како нелегални, новиот протест е најавен за 17 август.

XS
SM
MD
LG