Достапни линкови

Заев ми бараше да влијаам за смена на престедател на суд, тврди градоначалникот Беџети


Беџети на Конвенција на ДУИ (прв од десно)

Премиерот Зоран Заев телефонски бараше од мене да влијаам врз членови на судскиот совет за разрешување на претседател на еден суд во државата, обвини денеска на прес-конференција градоначалникот на скопската Општина Сарај, Блерим Беџети.

„Откако го одбив, Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за дивите платформи на Матка“, рече Беџети и додаде дека „постапката од антикоруоционерите ја сфаќа како директен притисок врз неговата работа“.

Беџети тврди и дека „имал и предлог од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да биде урната само една од дивите платформи на Матка“.

Градоначалникот најави дека ќе поднесе кривични пријави против членовите на Антикорупциска за злоупотреба на службената положба и овластување.

XS
SM
MD
LG