Достапни линкови

Стефановиќ: странски служби се обидуваат да го прислушуваат и Вучиќ


српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ

„Целосно сум сигурен дека странски служби и денес се обидуваат да ги надѕираат електронските комуникации на луѓето во Србија кои им се безбедносно интересни, на прво место претседателот Александар Вучиќ“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој сепак додаде дека тоа не било лесно да се докаже, бидејќи техниката многу напредувала. Тој рече дека службите на големите сили ги интензивираат нивните активности, а со цел што подобро да се позиционираат на просторот на Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG