Достапни линкови

Блокиран аеродромот во Хонгконг


Летовите од меѓународниот аеродром во Хонгконг се откажани, откако неколку илјади демонстранти влегле на главниот термина на аеродромот денеска попладне по локално време. Централната власт во Пекинг го окарактеризира протестното движење како нешто што се приближува до „тероризам“. До вечерва не е пријавено ново насилство, иако градот живее на работ, по повеќе од два месеци речиси секојдневни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

На аеродромот во Хонгконг, кој е еден од најфреквентните во светот, укинати се 160 летови. Се работи на тоа аеродромот утре повторно да работи.

Помала група на демонстранти протестираше на аеродромот за време на викендот, но обвинувањата дека полицијата употребила непотребна сила против демонстранти ширум Хонгконг предизвика луѓето масовно да се соберат на аеродромот на кој дневно има по 1000 полетувања и слетувања.

Луѓето кои протестираат бараат шефицата на владата во Хонгконг. Кери Лам, да си поднесе оставка, да има директни избори, да се ослободат луѓето уапсени на претходните протести и да има истрага за тоа како полицијата се справува со демонстрантите.

XS
SM
MD
LG