Достапни линкови

Обвинителката Елизабета Јосифовска дала изказ во ОЈО


Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство.

Исказ за случајот „Рекет“ дала денеска обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство. Таа била сослушана пред надлежен јавен обвинител во Јавното обвинителство, потврдува државниот обвинител Љубомир Јовевски, за МИА.

Обвинителката Елизабета Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на специјалната обвинителка Катица Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“, беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, додека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство.

XS
SM
MD
LG