Достапни линкови

Стотици приведени на опозициските протести во Русија


Полицијата приведува демонстрант на протестите во Москва

Полицијата во Москва привела повеќе од 250 лица за време на опозициските протести на кои се бараа фер и слободни локални избори, соопштија независни набљудувачи. Демонстрантите бараат да им се дозволи на независните кандидати да учествуваат на изборите, откако локалните власти им забранија во минатиот месец.

На протестите учествувале околу 60 илјади луѓе и се најголемите од 2011 година. Полицијата тврди дека имало околу 20 илјади демонстранти. Според полицијата, приведени се само 136 лица за „разни повреди за време на неовластено демонстрирање во центарот на Москва“. Демонстранти биле приведени и во Санкт Петерсбург, Ростов на Дон и други градови каде биле одржани протести низ земјата.

XS
SM
MD
LG