Достапни линкови

„Ла Верита“ со нови снимки, Јанева го уверува Камчев дека држи се под контрола


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Италијанскиот весник „Ла верита“, денеска објави нови аудиоснимки за случајот „Рекет“, во кои, според весникот, се слушаат разговори меѓу Бојан Јовановски, бизнисменот Орце Камчев и специјалната обвинителка Катица Јанева во врска со случајот „Империја“. Јанева вели дека држи се под контрола во случајот по констатацијата на Јовановски дека Камчев се плаши од обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“, при што Камчев негира.

„Јас сум многу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку без мене она не може ништо“, вели Јанева за Стефанова.

Во друга аудио снимка, според италијанскиот весник, Камчев прашува зошто Јанева викнала неколку лица на распит за случајот, кои Јовановски информира дека биле сведоци, а Јанева со цел да има активности.

Во трета аудио снимка Јовановски, како што наведува весникот, го информира Камчев дека има закажана средба со премеирот Зоран Заев.

„Знам јас што збори он. Знам што сум зборел со него за тебе, што не знае“, вели Јовановски.

XS
SM
MD
LG