Достапни линкови

Романија воведува доживотен затвор за педофилија и силување


Романската премиерка Виорика Данчила

Романија итно ќе воведе нов закон за доживотен затвор за силување и педофилија, изјави денеска романската премиерка Виорика Данчила.

„Ќе имаме нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните“, рече премиерката Данчила, најавувајќи нови владини мерки.

Изјавата доаѓа откако ДНК-тестовите потврдија дека киднапираната девојка Александра Мачешаму (15), која исчезна на 24 јули, била убиена, што предизвика бес во Романија и изнесе многу недостатоци во полицискиот и судскиот систем во земјата, објавија новинските агенции.

XS
SM
MD
LG