Достапни линкови

Грабар- Китаровиќ во трка за втор мандат


Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе агенцијата Фена.

„Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот период како претседателка“, рече Грабар- Китаровиќ за „Хрватски тједник“

„Како сега би изгледало да и го свртам грбот на Хрватска и да прифатам некои работи што ми се нудат, кои низ Европа и светот се многу поплатени, а јас да го напуштам својот хрватски народ и сопствените деца, кои иднината ја гледаат овде, објасни таа.

XS
SM
MD
LG