Достапни линкови

Усвоен мораториум на градбите во Охрид според препораките на УНЕСКО


Советот на Општина Охрид денеска ја усвои предлог-одлуката за мораториум на градење и донесување урбанистички планови, како и легализација на објекти до донесување на Планот за управување со светскиот природно и културно наследство на Охридскиот регион, или најдоцна до 1 февруари идната година.

Со оваа одлука практично се усвојуваат препораките што ги донесе Владата на 146-та седница од 23 минатиот месец, препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ја поздрави одлуката на советниците да се подржат активностите во насока на зачувување на заштитениот статус на градот под УНЕСКО.

XS
SM
MD
LG