Достапни линкови

Стефанова: Не знаев дека постои ваква снимка со Камчев и Јовановски


Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која ја водеше истрагата за Орце Камчев во случајот „Империја“, денеска изјавила дека првпат ја видела снимката од средбата на осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, и Камчев.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“, изјавила Стефановска за ТВ24.

XS
SM
MD
LG