Достапни линкови

Мета: Албанската опозиција да се обедини како српската против Милошевиќ


Илир Мета

Длабоката криза во Албанија може да се надмине само со нови избори, изјави албанскиот претседател Илир Мета изјави дека д. Тој побара од лидерот на опозицијата да направи се да дојде до здружување на опозицијата и на избори да победи.

Шефот на албанската држава Илир Мета , според Тиранскиот весник ,,Тема,, на својата официјална ФБ страница нагласува дека ,,Опозицијата во земјата треба да оди по патот на српската опозиција која го собори Слободан Милошевиќ,,. Мета притоа укажува дека во земјата е во голема политичка криза која носи огромни штети . Без нови избори нема ниту демократија ниту пак правда додава Мета .

Албанскиот претседател понуди парламантарни , претседателски и локални избори да се одржат на 18 октовмри годинава со цел како што осенува да се воспостави функционирање на правната држава.

XS
SM
MD
LG