Достапни линкови

Атамбаев призна дека тој пукал при обидот за негово апсење


Приврзаници на Атамбаев го бранеа поранешниот претседател од специјалците во неговата резиденција

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, призна денес дека пукал вчера кога припадниците на специјалните сили отишле во неговата резиденција.

„Моите приврзаници немаа оружје. Јас бев тој што пукаше за време на нападот“, им рече Атамбаев на новинарите, посочувајќи дека тој немал намера да погоди никого, пренесува ТАСС, на кого се повикуваат и другите новински агенции.

Тој додаде дека сакал да помогне во ослободување на припадниците на специјалните сили „Алфа“, кои ги заробиле неговите приврзаници и кои беа задржани во неговата резиденција во селото Кои Таш.

Киргистанските специјални сили вчера почнаа операција за апсење на Атамбаев, осомничен за корупција, но неговите приврзаници се спротивставија, при што еден припадник на специјалните сили загина и 52 лица беа повредени, меѓу кои и новинари.

XS
SM
MD
LG