Достапни линкови

Маж убил четворица и ранил двајца во Калифорнија


Илустрација

Маж уби четири лица и повреди двајца во округот Оринџ, Калифорнија, објави новинската агенција Асошиејтед прес. 33-годишниот маж од Гарден Гроув бил приведен кога го убил чуварот од една продавница кој му се спротивставил. Началникот на локалната полиција на прес-конференција изјави дека сторителот бил вооружен со нож и пиштол и ограбил стан и неколку деловни простории.

Насилството било случајно и единствените познати мотиви засега се грабеж, омраза и убиство, изјавил полковник на полицијата од Гарден Гроув на прес-конференција, објави АП.

„Двајца од повредените се во стабилна состојба и ќе преживеат“, рече полковникот Карл Витни.

XS
SM
MD
LG