Достапни линкови

Обвинителството не открива дали ја има снимката со Камчев и Боки 13 што ја објави „Ла Верита“


Фотографија од приведувањето на Бојан Јовановски

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната и дали ја имаат како доказен материјал видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“, на која се снимени Бојан Јовановски - Боки 13 и Орце Камчев.

„Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази“, изјавиле за МИА од Обвинителството.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска во онлајн изданието објави видео од средба на осомничените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) со бизнисменот Јордан Камчев.

Во објавеното видео што било снимено во февруари годинава, како што наведува весникот, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

XS
SM
MD
LG