Достапни линкови

Кривичен одлучи - Морина нема да се екстрадира во Србија


Новата зграда на Кривичен суд во Скопје

Не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина во Србија, соопштуваат од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје. Советот постапувајќи по барање на Министерството за правда и по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донел решение дека не се исполнети условите за екстрадиција, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Мерката притвор за Морина продолжува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна и на Врховниот суд, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Морина беше уапсен на 24 јули на граничниот премин Блаце врз основа на меѓународна потерница на Интерпол издадена од Србија поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.

XS
SM
MD
LG