Достапни линкови

УНХЦР: Новиот италијански закон може да ги загрози животите на бегалците


Илустрација.

Агенцијата на ОН за бегалците денеска изрази загриженост дека новиот италијански закон кој предвидува строги казни за сопствениците на приватни спасувачки бродови ќе може да ги загрози животите на бегалците и мигрантите кои преку Средоземното Море се обидуваат да дојдат во Европа.

Со таканаречениот „безбедносен декрет“ кој го усвои италијанскиот парламент, максималната казна за влез во водите на Италија без дозвола е зголемена од 50.000 на еден милион евра.

Законот чие донесување го иницираше министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини, овозможува и апсење на капетанот кој ќе игнорира наредба да не влегува во италијанските пристаништа, како и моментална заплена на нивните бродови.

Високиот комесаријат за бегалците УНХЦР соопшти дека невладините организации кои управуваат со спасувачките бродови играат „непроценлива улога“ во спасувањето животи и дека „хуманоста која е мотив за нивните активности не треба да биде крминализирана или стигматизирана.“

Новиот италијански закон може да ги спречи спасувачките активности на приватните бродови во време кога европските држави во голема мера се откажаа од спасувањето на бегалците и мигрантите на Медитеранот, наведува УНХЦР.

Европската комисија соопшти дека го анализира новиот италијански закон за да утврди дали е во согласност со законите на ЕУ.

XS
SM
MD
LG