Достапни линкови

Турција блокираше пристап до 136 интернет страници


Илустрација.

Во Турција блокирани се 136 интернет портали заедно со нивните страници на Фејсбук, Инстаграм, Јутуб и Твитер, откако судот наредил да биде спречен пристапот до нив, вклучително и до сајтот на Бианет - независна новинарска мрежа базирана во Истанбул.

За забраната Бианет информира на нивната страница кон која има пристап вон Турција.

Судската одлука е по барање на Главната команда на жандармеријата. Судот не го информирал во Бианет за причината за блокирање на сајтот.

XS
SM
MD
LG