Достапни линкови

ФЗО: Ќе се укинуваат квотите за лекови во сите аптеки


Фондот за здравствено осигурување соопшти дека интензивно презема соодветни активности и мерки за укинување на квотите на сите аптеки и за воведување нови контролни механизми при пропишувањето на лековите на рецепт на товар на Фондот во ординациите, како и за нивното подигнување во аптеките со увид во личниот документ за идентификација - лична карта или пасош - на лицето кое го подигнува лекот.

Од Фондот посочуваат дека лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош, наведуваат од Фондот.

XS
SM
MD
LG