Достапни линкови

Димковски: Во Македонија нема африканска свинска чума


Во нашата земја, во моментов, нема африканска свинска чума, но се спроведуваат превентивни мерки, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

„Во комуникација сме со Ловечката федерација, со инспекторите од АХВ, а утрово со директорот на АХВ Зоран Атанасов имавме состанок на оваа тема. Тие имаат обезбедено доволен број маркици бидејќи ова е состојба во која и застреланите диви свињи ќе треба да се обележат затоа што се земаат анализи за да се види каква е состојбата и да се следи“, рече Димковски.

Министерот за земјоделство додаде дека не очекува драстично зголемување на цената на свежото свинско месо, туку дека можно да се намали неговата побарувачка, но изрази уверување дека свинското месо во Македонија е безбедно.

XS
SM
MD
LG