Достапни линкови

Еспер: Внимателно го следиме Пјонгјанг


Марк Еспер

САД нема претерано да реагираат на серијата севернокорејски лансирања ракети, но внимателно ќе ги следиме, изјави американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, по двете денешни лансирања на ракети од Пјонгјанг

„Клучно е вратата да се остави отворена за дипломатијата. Нема претерано да реагираме на ова, но ќе ги следиме, внимателно ќе ги следиме, и свесни сме за тоа што се случува“, рече Еспер.

Северна Кореја денеска на два пати лансираше ракети во морето во близина на источниот брег. Ова беше четврто лансирање на ракети на севернокорејска територија за еден месец.

XS
SM
MD
LG