Достапни линкови

Косово не ги признава руските пасоши на жителите на Доњецк и Луганск


Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли

Шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, изјави дека Косово нема да ги признае пасошите издадени од Русија за жителите на Доњецк и Луганск во Украина.

„Косово го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Русија треба да прекине со илегалните интервениции во Украина и да ги повлече своите трупи“, напиша Пацоли на својот официјален профил на Твитер.

Неодамна и украинското Министерство за надворешни работи протестираше против указот на рускиот претседател Владимир Путин со кој се олеснија правилата за државјанство за сите жители на регионите Доњецк и Луганск во Украина.

XS
SM
MD
LG