Достапни линкови

ЕУ смета дека нема основа за продолжување на преговорите за Брегзит


ЕУ соопшти дека нема основа за продолжување на преговорите за Брегзит иако Велика Британија продолжува да инсистира на измени во договорот кој беше постигнат со поранешната британска премиерка Тереза Меј.

Преговарачите на ЕУ им порачаа на европските дипломати дека промените кои ги предлага новата влада на Велика Британија, како што е делот со Ирска, се неприфатливи, објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон ги отфрла тврдењата дека сака разговорите да пропаднат за да се овозможи Брегзит без договор, за што во неколку наврати беше обвиет новиот британски премиер Борис Џонсон, кој за заминување од ЕУ, со или без договор, го наведе 31 октомври.

XS
SM
MD
LG