Достапни линкови

Рохани до САД: Укинете ги санкциите, па ќе преговараме


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Техеран ги поддржува преговорите со Вашингтон, но САД прво треба да ги укинат санкциите што му ги наметнаа на Иран, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани во интервју за иранската државна телевизија, пренесоа светските новински агенции.

„Исламска Република Иран ги поддржува преговорите и, доколку САД навистина сакаат да зборуваат, пред се друго тие треба да ги повлечат сите санкции“, рече Рохани.

Тензиите меѓу САД и Иран се засилија откако минатата година САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година, што за цел имаше да ги ограничи иранските нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG