Достапни линкови

Евробарометар: 68% од македонските граѓани се за влез во ЕУ


Шеесет и осум отсто од македонските граѓани сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните. Довербата на македонските граѓани во Унијата е 57 отсто, што е за шест отсто помалку во однос на есента минатата година, покажуваат резултатите од стандардното истражување на Евробарометар.

Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година. Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%), Унгарците (65%) и Словенците (64%). Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%). Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки.

Граѓаните на Северна Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35%) и невработеноста (30%), се наведува во извештајот од истражувањето на Евробарометар, спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година, во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати..

XS
SM
MD
LG