Достапни линкови

Без резултат и денешната средба за законот за ЈО


Министерката Рената Дескоска се надева дека во предвидениот рок за законот, опозицијата ќе ги стави државните интереси пред партиските

Денешната средба на работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство во Министерството за правда заврши без напредок и со меѓусебни напади дека вината за тоа е кај другата страна.

По завршување на средбата претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изјави „дека очигледно власта не е спремна да се откаже од контролата врз обвинителството за организиран криминал и корупција но не е спремна да се откаже ниту од обвинителката Вилма Рускоска“, која, како што рече Милошоски, се однесувала како адвокат на високи функционери на власта.

Според министерката за правда Рената Дескоска барањата на ВМРО-ДМПНЕ се ретроградни и сталинистички. Таа смета дека „ваквите барања на ВМРО-ДПМНЕ очигледно има за цел да ја намали ефикасноста на обвинителството за организиран криминал и корупција“.

На прашање дали е оптимист дека законот ќе се донесе до 15-ти септември Дескоска вели дека очекува опозицијата да ги стави државните интереси пред партиските и да ги промени своите барања.

XS
SM
MD
LG