Достапни линкови

Мораме да побрзаме со Коридорот 8, порачаа Борисов и Заев


Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје, 1 август 2019 година

Реализацијата на инфраструктурниот дел од Коридор 8 е еден од приоритетите на Македонија и Бугарија, се сложиле денеска на средбата во Скопје, македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов.

На заедничката прес-конференција по средбата, премиерот Заев нагласи дека за Коридорот 8 од наша страна се обезбедени средства во висина од 580 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, 60 милиони од ИПА 2 програмата, како и од кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициски банка. Во разговорот посебен акцент е ставен на железничкото поврзување меѓу двете земји, кое го опфаќа и изградбата на тунелот кај Ѓуешево, од кој половина ќе биде на бугарска, а половина на македонска страна од границата.

Борисов потенцира дека тунелот од бугарска страна е речиси готов, додавајќи дека мора да се забрза изградбата на Коридорот 8.

„Можеме уште да го забрзаме процесот и ве повикувам сите да се вклучиме и да не губиме време“, порача Борисов.

XS
SM
MD
LG