Достапни линкови

Алтернатива на Гаши почнува формална соработка со партијата на Ердоган


Архивска фотографија- Претседателот на Алтернатива Африм Гаши

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши деновиве престојува на официјална посета на Анкара во чии рамки се сретнал со генералниот заменик претседател на АК Партија (Партија на Правда и Благосостојба), Нуман Куртулмуш, информираат од Алтернатива.

“Оваа средба се реализира со цел воспоставување на формална соработка помеѓу Алтернатива и АК Партија, како две десничарски партии. Двете страни се договорија дека соработката треба да се развие и да се продлабочи понатаму и во најкраток рок да се формализира и преку потпишување на меморандум за соработка”, соопштија од партијата.

Алтернатива која е дел од владината коалиција во земјава неодамна се формираше откак партија Беса се поддели на две крила и едното на Биљаљ Касами остана во опозицијата. Во делегацијата со Гаши во Турција, како што информираат од партијата, се и министерот за култура, Хисни Исмаили и портпаролот на Алтернатива – воедно директор на Македонски железници – Траснпорт, Орхан Муртезани.

XS
SM
MD
LG