Достапни линкови

Талевски: На снимката не барам ништо незаконско


Седиштето на СДСМ

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп Миле Талевски попладнево реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше пуштена аудио снимка на која се слушаат гласовите на Талевски и на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Талевски вели дека станува збор за снимка направена на партиски состанок во партиските простории.

“На снимката јасно се слуша дека ги повикувам нашите членови, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон, професионално, чесно, без најмала доза на ароганција и сето тоа во интерес на граѓаните. Јасно велам “не барам да се прави ништо незаконско”, рече Талевски.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ дека „за време на претседателските избори направил злоупотреба со тоа што функционери агитирале кај гласачи во јавни институции да си ги одработат работните места“.

XS
SM
MD
LG