Достапни линкови

Косовските власти убедени дека Морина нема да биде екстрадиран во Србија


Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија.

"Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство", напишал Зиберај на својот Фејсбук профил, а пренесува МИА.

Во Ѓаковица, родното место на Морина, утрово се одржаа протести со барање тој веднаш да биде ослободен од притвор во Северна Македонија. Морина е приведен на македонско-косовската граница врз основа на потерница од Интерпол, а поради извршени злосторства врз цивилно население за време на војната во Косово во 1999 година.

XS
SM
MD
LG