Достапни линкови

Владата ќе субвенционира и купување нови возила


Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти денеска дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие субвенција од 2.000 до 3.000 евра. Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата.

Бектеши на прес-конференција рече дека ова е една од мерките предвидени со новиот Закон за моторни возила, што беше донесен вчера во Собранието.

„Ако има ребаланс на Буџетот реализацијата на оваа и останатите планирани мерки ќе почне годинава, а ако не, тогаш средства ќе се обезбедат догодина и имплементацијата ќе стартува од 1 јануари 2020“, рече Бектеши и појасни дека нелогично би било некој да купи возило вредно 30.000 или 40.000 евра, а да добие субвенција.

XS
SM
MD
LG