Достапни линкови

По „Слободна Далмација“, дојава за бомба и во редакцијата на весникот „Јутарњи лист“


Илустрација

Вработените во зграда „Ханза Медиуми“ во Загреб, каде канцеларија има и редакцијата на „Јутарњи лист“, денеска биле евакуирани поради дојава на бомба. Дојавата била испратена во одделението на „Јутарњи лист“ за некролози.

Хрватската полиција го истражува случајот.

Пред два дена беше евакуирана зградата на „Слободна Далмација“ во Сплит, по што се утврди дека се работи за лажна дојава за подметната бомба.

XS
SM
MD
LG