Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ со аудио снимка обвини дека Сугарески во прилепската болница агитирал за кого да се гласа


ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ дека „за време на претседателските избори направил злоупотреба со тоа што функционери агитирале кај гласачи во јавни институции да си ги одработат работните места“.

Во прилог на обвинувањето ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, и на која, според Игор Николов од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Николов рече дека снимката е од состанокот на нововработените во прилепската болница.

„Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите нововработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите“, рече Николов.

XS
SM
MD
LG