Достапни линкови

Заев: Груевски нека дојде да помогне, и одлежувањето на казната е помош


На новинарско прашање за обраќањето на екс-премиерот во бегство Никола Груевски на Фејсбук, во кое тој ѝ нуди помош на актуелната Влада, премиерот Заев денеска го повика Геуевски да се врати во Македонија, зошто и одлежувањето на казна затвор е помош.

„Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Сѐ е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со сѐ, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома“, рече Заев.

Премиерот ја коментираше и средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и унгарскиот претседател Викотор Орбан. Тој рече дека тоа е „средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унгарското пријателство“.

XS
SM
MD
LG