Достапни линкови

Кочан денеска не дошол во Идризово на издржување на казната за „Труст“


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

Бизнисменот Сеад Кочан, осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци во случајот на СЈО - „Труст“, денеска не се јавил во затворот Идризово на издржување на казната. Затворската управа веднаш го известила Судот дека осудениот не се јавил во нивната институција.

Кочан известувањето за издржување на затворската казна го примил утрово, објавија дел од медиумите, додека известувањето до затворот Идризово, дека Кочан денеска треба да се јави кај нив, стасало вчера.

Следните постапки се затворот да го извести Судот дали осуденикот се јавил кај, дали доставил дополнителна документација до надлежните органи или ќе има спроведување на издржување на казната.

XS
SM
MD
LG