Достапни линкови

Одбиено барањето на Кочан, Судот бара веднаш да се јави во затвор


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд - Скопје по втор пат ги одбил барањето и жалбата од бизнисменот Сеад Кочан кој бараше одложување на затворската казна, што му беше одредена во предметот „Труст“ и побарал тој да се јави на издржување на затворската казна.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница. По разгледување и ценење на жалбата, советот донесе решение со кое жалбата ја одби како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките“, соопшти Судот.

XS
SM
MD
LG