Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и Николоски во Будимпешта на средба со Орбан


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе оди во работна посета на Виена, Австрија, и во Будимпешта, Унгарија, соопштија од партијата. Во Виена ќе остане кратко и ќе има средби од научен карактер, кои се поврзани со неговата професорка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оттаму, заедно со со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ќе заминат во Будимпешта да се видат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, соопшти прес центарот на партијата.

„На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG