Достапни линкови

Романската премиерка бара построги казни по убиството на тинејџерката


Романскатапремиерка Виорика Данчила денеска изјави дека размислува да распише референдум за построги казни за најлошите злосторства, отакако беше силувано и убиено 15-годишно девојче што ја шокираше земјата. Данчила вети дека ќе го намали времето потребно за да се одговори на слични случаи, по критиките дека полицијата реагирала премногу бавно на повеќето телефонски повици на убиената девојка испратена до одделот за итни случаи, објави Асошиетед прес.

Шефот на романската полиција, Џон Буд, утрово беше сменет од функцијата токму поради овој случај. Илјадници луѓе протестираа минатата ноќ поради однесувањето на властите во овој случај и ги обвинија романските власти за небрежност, недостаток на вештини и недостиг на емпатија. Демонстрантите тргнаа одВладата до министерството за внатрешни работи, каде што запалија свеќи. Тие извикуваа слогани против владата - "Оставка", "Корупцијата убива", "Доле влада". За убиството на 15-годишната Александра, уапсен е Џорџ Динка, осомничен за трговија со малолетници и силување.

XS
SM
MD
LG