Достапни линкови

Навални во болница поради напад на алергија


Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер е примен во болница, по тежок напад на алергија што го имал во притвор, соопшти неговата портпаролка, Кира Јармиџ. Таа изјави дека Навални никогаш порано немал алергија. Портпаролката наведе дека Навални во болница бил примен со отечено лице и црвенило по кожата.

Според медиумските извештаи, Навални ги поттикна на протест антивладините демонстранти кои во текот на целиот вчерашен ден протестираа против исклучувањето на независните кандидати од гласачкото ливче за изборите за Градскиот совет на Москва, закажани за 8 септември .

Руската организација „ОВД-инфо“, која од 2011 година ги следи полициските апсења во земјата, објави дека на вчерашниот протест биле уапсени 1.400 лица, што претставува најголем број апсења од еден настан регистриран во оваа деценија.

XS
SM
MD
LG