Достапни линкови

Во Санкт Петребург одбележан Денот на руската морнарица


Во Санкт Петербург се одржа главна парада на воени бродови во чест на Денот на Воената морнарица на Русија. Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија планира да изгради единствена флота.

„Ќе изградиме флота единствена по своите можности, конструирана да трае долго, флота на силна и суверена држава“ порача Путин на парадата.

Во манифестацијата биле ангажирани околу 4.000 војници, 43 бродови и 41 хеликоптер и авион, кои ја претставуваа Северна, Балтичка, Црноморска, Тихоокеанска и Касписка флота. Прв пат на парадата учествуваат и бродови на други држави, како што се фрегата на Воена морнарицана Индија „таркеш“ и разорувачот „сианг“ на Воената морнарица на Кина. Одбележувањето ќе заврши со свечен огномет над Нева, а парадата се одржува денеска и во другите руски градови.

XS
SM
MD
LG