Достапни линкови

Над 1000 уапсени во протестите на опозицијата во Москва


Протести на опозицијата во Москва

Полицијата привела повеќе од 1000 луѓе, учесници на вчерашниот недозволен протест во центарот на Москва. Претходно во текот на денот полицијата пријавила околу 300 уапсени. Вкупно 3.500 луѓе учествувале на собирот. Агенцијата АП пренесе дека дошло и до физички судири помеѓу учесниците на протестот и полицајците кои носеле шлемови, како и дека демонстрантите извикувале „Русија ќе биде слободна“.

Протестот го свикал опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој токму поради тоа, во средата беше осуден на 30 дневен притвор. Во пресрет на протестот, неколку членови на опозицијата биле уапсени, вклучително и Илија Јашин, Дмитриј Гудков и најблискиот соработник на Навални, Иван Жданов. Според информациите, протестот бил свикан поради одлуката на изборните власти да им забранат на одделни опозициски кандидати да учествуваат на изборите за градско Собрание, бидејќи наводно не собрале доволно потписи.

XS
SM
MD
LG