Достапни линкови

Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба


Двајцата повредени рудари од рудникот за олово и цинк, поранешна Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди, хоспитализирани се на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа.

Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека двајцата рудари се надвор од животна опасност.

„И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни“, изјави Захариева.

XS
SM
MD
LG