Достапни линкови

МИОА: За трансферот од јавен во приватен сектор се разговара со сите страни


Администрација, шалтери и работа со странки

Откако Сојузот на стопански комори со соопштение во јавноста реагираше на можните дилеми поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација информира дека концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор.

„На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање итн“, велат од таму.

МИОА соопштува дека го прифаќа испраќањето на соопштенија до јавноста како легитимен начин на размена на ставови и дилеим, но дека нивен принцип на работа е и ќе продолжи да биде отворената и директна комуникација преку јавни расправи со сите засегнати страни.

Сојузот на стопански комори смета дека постојат повеќе дилеми во врска со процесот за премин на вработените од јавната администрација во приватниот сектор, кој е најавуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Според претседателката на СКК, Данела Арсовска, се отвораат важни прашања како на пример, како ќе се одвива самиот процес во моделот на премин од јавен сектор во приватен кој првпат ќе се применува во земјава, дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификацијата на овие кадри и кој ќе го изврши истото.

XS
SM
MD
LG