Достапни линкови

Северна Мaкедонија 25 места погоре на листата на Глобалниот иновациски индекс


Северна Македонија во споредба со минатата година се искачи 25 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за годинава објавен на 24-ти овој месец.

Како што соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој, според овој извештај, кој рангира 129 држави во светот по 80 различни параметри, Република Северна Македонија е на 59-то место, што претставува значителен напредок во однос на претходните две години.

Се посочува дека државата остварила високи резултати и во делот на зголемен степен на инвестиции во иновации од страна на домашните институции, како и подобрена бизнис клима со што се наоѓа во група со првите 50 земји во светот. Подобрување е забележано и кај постигнатите резултати од вложувањето во иновации, а земјата е на 63-то место, што е повисока позиција во однос на 2018 година.Северна Македонија годинава има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 28-мо место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати.

XS
SM
MD
LG