Достапни линкови

Влада: ја следиме дебатата за планот против дезинформации, ќе бидат вклучени сите засегнати


Архивска фотографија- седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Северна Македонија со посветеност и внимание ја следи дебатата што се развива по најавата за подготовка за План за одлучна акција против ширење дезинформации, се наведува во соопштението од Влада.

“Самата дебата, со целиот нејзин интензитет, е првиот чекор кој го поттикна најавата. Владата на Република Северна Македонија уште еднаш најавува дека преку својата улога на засегната страна која иницира дискусија, ќе обезбеди широк простор за јавна дебата, вклученост на сите засегнати и носење одлуки преку заедничко разбирање и договор, се вели во соопштението од Влада.

Оттаму велат дека секоја организација, поединец, добра идеја и предлог е добредојдена.

“Во наредниот период Владата на Република Северна Македонија ќе иницира серија дебати, трибини и други средби и работилници како шанса за сите да го дадат својот придонес. Истовремено, Владата ќе ги прифати сите слични иницијативи организирани од сите релевантни организации кои ќе се вклучат во подготовката за финален заеднички План за одлучна акција против ширење дезинформации”, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

XS
SM
MD
LG