Достапни линкови

Eкстрадицијата на Морина тема и на пратеничките прашања


Архивска фотографија- собраниска седница

Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни узанси и правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање од пратеникот и координатор на ДУИ Ејуп Аљими за одлуката за екстрадиционенен притвор на Томор Морина, поранешен член на Ослободителната војска на Косово, кој е уапсен во Северна Македонија по потерница на Србија.

“Праксата досега покажала во вакви случаи, вклучително и премиерот Рамуш Харадинај, на меѓународни потреници каде било во земјите членки и земјите што се членки на ЕУ, а го признале Косово тие постапуваат по меѓународното право. Правосудството и во Австрија и во Северна Македонија и во Грција и во Британија носи одлуки за екстрадиционен притвор. За време на одлуката на екстрадиционен притвор надлежните институции одлучуваат за правото на екстрадиција или не. Во тоа право јасно стои дека тој е граѓанин на Косово, а не е граѓанин на Србија и се ослободува од притвор и не се прави екстрадиција. Тоа е меѓународното право”, рече Заев.

Тој додаде дека од Министерството за правда го информирале каква е праксата во вакви случаи и додаде дека верува оти граѓанинот на Косово согласно тоа дали има или не екстрадициона одлука ги има сите права, согласно закон, владеење на правото и на меѓународното право.

“Праксата покажала дека Интерпол кога ги прима документите стои дека е граѓанин на Србија. Тоа не е точно. Денеска нашата земја и пријателска со Косово потврдува дека е тој граѓанин на Косово, а има пасош и од Велика Британија и од Косово. Дозволете институциите да си ја завршат работата. Најмалку што очекувам е почитување на законите на оваа држава”, рече Заев.

XS
SM
MD
LG